Бившиот албански претседател Илир Мета му одаде почит на македонскиот писател во Албанија, Стерјо Спасе, на 110 годишнината од раѓањето
Бившиот претседател на Албанија, Илир Мета, му одаде почит на македонскиот писател во Албанија, Стерјо Спасе, на 110 годишнината од раѓањето.
“На 110-годишнината од неговото раѓање, денес со благодарност и почит му оддаваме чест на извонредниот лик на литературатс и културата, големиот писател и интелектуалец Стерјо Спасе, чие книжевно дело ги издигна до уметнички вредности, традицијата, историјата и националната култура.
Стерјо Спасе пишуваше со страст и патриотска инспирација за нашата Национална Преродба која ја спаси нацијата и ја изгради нашата држава. Неговите познати романи „ЗОШТО?!“, „Факелите“, „Или смрт или слобода“, како и многу други ремек-дела што ни ги остави во наследство ќе останат во секое време инспиративни за длабокото размислување и важните пораки што ги пренесуваат”, напиша Мета одавајќи му почит на сега покојниот писател, Стерјо Спасе.
Мета понатаму го опишува Стерјо Спасе како “извонреден син на саканата македонска заедница, Спасе останува цврста духовна врска на соработката меѓу Албанците и Македонците”.
“Тој е вечен пример кој ја учи политиката и општеството дека границите не се поделба, туку можност за изградба на човечка, интелектуална, културна и економска соработка. Не можам да ја искажам радоста што во градот Корча, кој толку многу го сакаше, пред четири години го наградив Стерјо Спасе со високото признание „Витез на Орденот на Знамето“.
Никогаш не можеме да ги отплатиме нашите национални долгови кон таков лик, кој инспирира и денес за Слобода и Суверенитет.
Јас сум близок до мојата драга заедница во Пустец на овој историски и значаен ден!
Вечен спомен на овој голем витез на Слободата и Суверенитетот!”, пишува бившиот албански претседател, Илир Мета.